Инфо клубот продолжува со работа
Младинскиот инфо клуб е проект на УНДП и постои на 4 универзитети во Македонија меѓу кои и на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Инфо клубот во Штип се реализира веќе две години, а од оваа година е со поддршка од МКЦ Битола и ФРЛЗ Штип.
Инфо Клубот е лоциран на Кампус 2 на универзитетот „Гоце Делчев“.Инфо Клубот претставува врска помеѓу младите до 29 години и Агенцијата за вработување како и со локалниот бизнис сектор за секоја информација за активните мерки за вработување, самовработување, пракси и обуки на најбрз и најефикасен начин да дојде до младите.
Лице за контакт Ана Aнгелова (ana.angelova@ymail.com) и Мартина Георѓиева (martina_georgieva@hotmail.com)
Last modified: 06.04.2017