Недела на Младинска банка

11.06.2012

 


Проектот „Младинска банка Штип“ има за цел да ги охрабри младите од Штип да се вклучуваат во иницијативи за унапредување на сите сфери на општествениот живот.

Функционира како координативно тело – комитет од 12 претставници на младите во заедницата, во кое сите имаат еднакво право на искажување на сопствените ставови и убедувања.

Младинската банка Штип прибира средства од локалните донатори и истите ги враќа во заедницата во форма на мали грантови, наменети за решавање на проблеми на младите. Целиот процес е воден и дизајниран од младите луѓе кои најдобро ги познаваат своите потреби и приоритети, почнувајќи од лоцирањето на ресурсите во зедницата, приоретизирање на проблемите, организацијата на настани за  прибирање на средства и доделување на истите . Учеството на возрасните е ограничено единствено на поддршка и консултации во процесот.

Неделава од 11 до 16 јуни е посветена на промоција на Младинската банка Штип. Промоцијата е составена од неколку настани на кои ќе се прибираат средства и ќе се анимираат различните групи во заедницата. Со неделата на Младинската банка настојуваме да ја зајакнеме свеста кај граѓаните и кај претставниците на бизнис заедницата за можноста за решавање на проблеми преку донирање во заедницата.

Програмата за неделата на промоција на Младинска банка Штип опфаќа:

– Турнир во мал фудбал 12 и 13 јуни 2012

– Мултимедијален настан 14 јуни 2012

– Театарска претстава 16 јуни 2012

Ги охрабруваме сите граѓани особено младите да се вклучат во настаните за поддршка на Младинската банка Штип.

 

 

Last modified: 06.04.2017