Mладинска независност

19.11.2010

Mладинска независност

Младите луѓе од Република Македонија секојдневно се соочуваат со негативните последици од моменталната општествено-економска состојба во државата. Доаѓајќи од пониските општествени слоеви и немајќи финансиска независност, како и можности за квалитетен општествено-културен живот, младите луѓе стануваат се повеќе изложени на политички притисоци и манипулација. Финансиската криза само ја зголемува неможноста за личен развој, младински активизам и соработка. Оваа ситуација доведува до зголемена општествена нетрпеливост и тензија, како и економска и културна поделеност помеѓу младите луѓе.

Формалното образование не нуди вештини (презентациски вештини, активизам, флексибилност, соработка) кои се потребни за успех на пазарот на труд. Покрај тоа што младите луѓе воопшто не се вклучени во процесот на донесување на одлуки, тие дури и не понудуваат никакви решенија за проблемите и не се борат за сопствените интереси.

Проектот за младинска независност со својот приод кон младите луѓе има за цел да придонесе за младинскиот активизам и вклученост преку поддршка и промоција на финансиската, политичката и културната самостојност на младите луѓе. Ова ќе се постигне преку оспособување на младите со знаења и вештини и зголемување на можностите за вработување. Истовремено ќе се поттикнува и младинскиот активизам преку креирање на одржливи ресурси за квалитетен општествено-културен живот.

За реализација на целите на овој проект се вклучени 5 Младински центри во 5 града во Македонија: Скопје, Штип, Тетово, Битола и Струга.

Фондацијата за развој на локалната заедницата – Штип преку локалниот младински клуб „Актив“ е вклучена во реализацијата на проектот. Проектот се реализира во два дела. Првиот дел претставуваат тренинзи за помош при вработување со кои на младите луѓе ќе им се овозможи да стекнат вештини со кои би биле поконкурентни на пазарот на труд. Вториот дел опфаќа младински активизам и партиципација, каде што Младинскиот центар ќе треба да дејствува како локален ресурсен центар во процесот на вклучување на младите луѓе. Младите ќе имаат можност да се вклучат во групи за комуникација и јавно говорење, група за нови медиуми и група за сценски уметности. Учесниците во овие групи ќе имаат можност да креираат голем број на јавни настани со цел да ја промовираат слободата на изразување, индивидуализмот и независноста. (јавни дискусии и конференции, уметнички изведби, фестивали, онлајн кампањи и слично).

Една од главните и поважни функции на секој од Младинските центри ќе биде да служат како центри за помош при вработување на младите луѓе (нудење на разни обуки и тренинзи, информирање на младите, помош при аплицирање за работа).

На овој начин, на младите ќе им биде дадена професионална поддршка, но исто така и доволно простор и содржини за да можат активно и на креативен начин да се вклучат во општествените процеси. Како резултат на ова, младите луѓе ќе бидат подобро подготвени и ќе ја имаат соодветната потпора за да можат успешно да ги канализираат своите идеи и да поттикнат позитивни општествени промени. Младите луѓе на овој начин ќе се стекнат со доволно самодоверба за да ја победат апатијата и да почнат повеќе да се активираат во повеќе области, вклучувајќи го и самовработувањето.

Распоред на тренинзи за помош при вработување во Штип:

  • Обука:
  1. Финансиска писменост

    • Ден:

      • 23.10.2010 – 09:00 до 17:00 часот.
      • 24.10.2010 – 09:00 до 17:00 часот.
  2. Менаџирање на настани
    • Ден:
      • 30.10.2010 – 09:00 до 17:00 часот.
      • 31.10.2010 – 09:00 до 17:00 часот.
  3. Претприемништво и бизнис план
    • Ден:
      • 06.11.2010 – 09:00 до 17:00 часот.
      • 07.11.2010 – 09:00 до 17:00 часот.
  4. Тимска работа, лидерство, мотивација
    • Ден:
      • 13.11.2010 – 09:00 до 17:00 часот.
      • 14.11.2010 – 09:00 до 17:00 часот.
  5. Европски фондови
    • Ден:
      • 20.11.2010 – 09:00 до 17:00 часот.
      • 21.11.2010 – 09:00 до 17:00 часот.
  6. Kомуникациски вештини
    • Ден:
      • 27.11.2010 – 09:00 до 17:00 часот.
      • 28.10.2010 – 09:00 до 17:00 часот.
  7. Управување со проектен циклус
    • Ден:
      • 04.12.2010 – 09:00 до 17:00 часот.
      • 05.12.2010 – 09:00 до 17:00 часот.

Обуките се реализираат во просториите на факултетот за Информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Графички приказ на организациската структура во склоп на младинскте центри.

 

Last modified: 06.04.2017