ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРАКТИКАНТ

20.04.2018

Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип (ФРЛЗ) ги повикува сите заинтерсирани лица кои сакаат да се стекнат со практични знаења и вештини во работата и активностите на Фондацијата да достават апликација – кратка биографија.

Практикантот ќе работи под менторство и супервизија од извршниот тим на ФРЛЗ, во спроведување на активностите на ФРЛЗ, организација на настани и состаноци, мониторинг и евалуација и подготовка на извештаи.
На практикантот ќе му се овозможи флексибилно работно време, во договор со супервизорот.

Кандидатот треба да поседува добри организациски и комуникациски вештини, ентузијазам за работа, како и добри компјутерски вештини и англиски јазик.

Периодот на ангажманот изнесува шест месеци, почнувајќи од 15 мај 2018. За ангажманот е предвиден соодветен паричен надоместок.

Вашата кратка биографија Ве молиме да ја доставите на info@frlz.org.mk, најдоцна до 30.04.2018.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Last modified: 20.04.2018