Извештај од следењето на јавните набавки во општина Штип

08.02.2013

Извештај од следењето на трошењето на јавните пари во општина Штип во 2012 година

Спроведувањето на проектот „Поддршка на центри на заедницата“ имплементиран од ФРЛЗ Штип а поддржан од ФООМ резултираше со извештај во кој се прикажани актуелните практики во спроведувањето на јавните набавки на локално ниво како и предизвиците и препораките за унапредување на постапките и за доследна примена на Законот за јавни набавки.

Главните наоди од истражувањето направено на неколку локални институции се однесуваат на:

• Најчест критериум за доделување договор на фирмите во 2012 година е „најниска цена”;

• 31% од анкетираните фирми не се задоволни од образложението на институциите за донесената одлука за најповолен понудувач;

• Поништени се 19% од постапките за јавни набавки спроведени во 2012 година во Штип;

• За 34% од огласите за набавките, тендерската документација била достапна на ЕСЈН;

• Е-аукција е предвидена за 95% од огласите за набавки во текот на 2012 година, а реално, електронски се лицитирало за 55% од набавките;

• Институциите, согласно ЗЈН, навремено доставуваат евиденција до ЕСЈН за т.н. мали набавки, односно, за потрошените пари за набавките до 5.000 евра;

• Слаба е достапноста на огласите за јавните набавки на веб-страниците на институциите.

Користената методологија, деталниот приказ од наодите со заклучоците и препораките можете да ги најдете во извештајот.

Last modified: 06.04.2017