Проектот „Граѓаните одлучуваат“ е основан на принципите на градење на еднакво, отворено, демократско и активно граѓанско општество.
Зајакнување на капацитетите на ЈП, како и зајакнување на граѓанските капацитети за застапување и лобирање ќе го зголеми учеството на граѓаните во креирање на локални политики и ќе придонесе до поотворен пристап на локалните власти кон граѓаните.
Покрај тоа креирање на нови механизми за зголемување на граѓанското учество во донесувањето на одлуки и креирање на локални политики, ќе придонесе до подемократски пристап на решавање на проблемите идентификувани од страна на граѓаните.
Главната цел на проектот е Да се поддржи партиципативен развој на заедницата преку модел со директно граѓанско учество со цел да се развијат доверливи локални институции и да се зголеми препознатливоста на граѓанското учество од страна на локалните институции.
Специфични цели на проектот се:
- Креирање нови механизми за граѓанско учество во процесот на донесување на одлуки (Граѓански форуми);
- Зголемени капацитети на граѓаните и на јавните претпријатија во 2 (две) општини нивни надлежности, механизми за консултации со граѓаните, како и лобирање и застапување;
- Зголемување на транспарентноста, одговорноста и ефикасноста на локалните институции (ЈП);
- Градење на капацитетите на граѓаните за мониторинг на локалните институции;
- Потребите и барањата на граѓаните, вклучувајќи ги и тие од ранливите категории, се систематски вклучени од страна на ЈП во нивното планирање.
Активности:
- Сеопфатна анализа за учеството на граѓаните во донесувањето на јавни политики на локално ниво во Штип и Карбинци и деск-анализа на тековната состојба на ЈП;
- Информативна кампања за надлежностите, контакт информациите, и видови на услуги коишто се обезбедуваат од страна на ЈП и ЛС;
- Организирање на граѓански форуми за годишните програмски планирања на ЈП;
- Градење на капацитетите на граѓаните и на вработените во ЈП;
- Мониторинг на препораките дадени од форумот;
- Поддршка на препораките дадени од страна на граѓаните на форумите;
- Креирање на политики и вмрежување
Целни групи на проектот се околу 600 граѓани од Штип и Карбинци, Јавни претпријатија (вкупно 2 од Штип и 1 од Карбинци) и претставници од локални мали локални ГО, а како крајни корисници се сите граѓани од Штип и Карбинци.
Временската рамка за спроведување на целиот проект е 15 месеци, а вкупниот буџет изнесува 42.250,00 ЕУР.
Проектот „Граѓаните одлучуваат“ се спроведува од Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, а финансиски е поддржан од Меѓународен центар Олоф Палме.
Контакт лице: Невенка Лонгурова Гирова
E-mail: ngirova@frlz.org.mk
Телефон: +389 32 383 116
Last modified: 11.05.2020