Фондација на заедницата – Штип, 2009 година

13.10.2010

Фондацијата за развој на локалната заедница Штип во Мај 2009 година објави јавен повик за доделување грантови. Повикот се однесуваше за поддршка на проекти на граѓански организации и неформални групи на граѓани од Штип. Средствата за финансиската поддрѓка доаѓаат од отворените фондови на Фондацијата на заедницата – Штип.
Вкупниот буџет за конкурсот изнесува 192 000 МКД.

На објавениот јавен повик од Фондацијата на заедницата – Штип за доделување на грантови на граѓански организации и неформални групи на граѓани во март 2009 година до Фондацијата на заедницата – Штип пристигнаа 15 предлог проекти, од кои 10 предлог проекти се поднесени од граѓански организации и 5 предлог проекти од неформални групи на граѓани.

Од пристигнатите вкупно 15 предлог проекти, 4 идеи се од областа на облагодарување на животната средина и 11 идеи од областа на деца и млади.

Во месец април 2009 година, членовите на Управниот одбор  на Фондацијата на заедницата – Штип одлучи да додели финансиски средства од двата отворени фонда на Фондацијата на заедницата – Штип (Фонд за облагодарување на животната средина и Фонд за деца и млади) за 4 предлог проекти.

УО на Фондацијата на заедницата – Штип одлучи да додели финансиски средства на 3  проекти од областа на деца и млади и 1 проект од областа на животната средина, односно 2 проекти поденсени од граѓански организации и 2 проекти поднесени од неформални групи на граѓани.

Доделени грантови:

Реден број Име на проектот Носител на проектот Буџет(мкд)
1. Корективна гимнастика Група граѓани предводена од Методи Петров 50 000,00
2. Двор по мерка на децата Група граѓани предводена од Виолета Пуздерлиева 33 160,00
3. Примена на јогата во подобрување на децата во основното образование Јога друштво – Штип 50 000,00
4. Екологија за сите! Еколошко друштво „Виножито“ 50 000,00
Вкупно: 183 160,00

Вкупниот буџет за сите поддржани проекти изнесува 183 160,00 МКД.
Активностите на поддржаните предлог проекти се реализираа во период од Мај – Септември 2009 година.



Last modified: 06.04.2017