Фокус група за истражување на состојбите со граѓанското учество на локално ниво

30.06.2016

Фондацијата за развој на локалната заедница Штип во рамките на проектот „Зајакнување на партиципативната демократија“ финансирана од ЕУ (NEAR-TS/2015/370-129) спроведува анализа на практиките на учество на граѓаните во процесот на донесување одлуки и креирање јавни политики на локално ниво.

За потребите на анализата ќе биде организирана фокус група во Штип и во Струмица со претставници на граѓански организации и медиуми.

За таа цел Ве покануваме да учествувате и да го дадете своето мислење на фокус групата која ќе биде организирана на 09.06.2016 (четврток) од 12.00 до 14.00 часот во просториите на Центарот на заедницата на општина Струмица (ул.Благој Мучето бб, Дом на АРМ, Струмица) или на 10.06.2016 (петок) од 11,00 до 13,00 часот во просториите на Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип (ул.Сремски фронт бб, детска градинка Сончогледи, Штип).

Ве молиме Вашето учество да го потврдите на следнава e-mail адреса: ngirova@frlz.org.mk најдоцна до 08.06.2016 (среда).

Last modified: 02.05.2017