ЕУ Проекти

19.12.2013

flag_yellow_high     ЕУ ПРОЕКТИ

Зајанување на партиципативната демократија

Проектот е насочен кон институционализацијата на одржливите механизми за консултација со граѓаните во процесите на креирање јавни политики.  

Целите се: да се анализираат постоечките механизми за консултација на граѓаните во процесите на креирање јавни полтики на локално ниво; да поттикне дискусија помеѓу засегнатите страни; да поттикне споделување на искуства и добри практики за консултација на граѓаните во процесите на креирање политики и да се лобира за инситуционализација на предложените механизми.

Проектот се имплементира од Фондација за развој на локалната заедница во партнерство со Центар за одржлив развој – Дебар и Агенција за локален развој Струга во сите општини во РМ.

Проектот е финансиран од Европската Унија.

 

Обучи се, добиј поддршка, вработи се!

    Проектот „Обучи се, добиј поддршка, вработи се!“ има за цел да ги интегрира жените од малцинските заедници на пазарот на трудот. За постигнување на целите во рамките на проектот се предвидени активности кои вклучуваат организирање на тренинзи и обуки, креирање на индивидуални кариерни планови и консултации за жените припаднички на малцинските заедници како и организирање на инфо денови на кои заинтерсираните баратели на работа би можеле да се запознаат со локални работодавачи.

Проектот е имплементиран од стана на Фондацијата за развој на локалната заедница во партнерство со Текстилен кластер, Стопанска комора – Родопи и Агенција за економски развој – Костинброд.

Проектот е финасиран од ЕУ преку Секторот за Централно финасирање и склучување договори при Министерството за финансии на Република Македонија.

 

Last modified: 06.04.2017