Граѓански буџетски форум во Општина Струмица

18.11.2016

Целите на форумот се зголемување на учеството на граѓаните во процесот на носење на Буџетот на Општината и зголемување на транспарентноста наопштината.

Присутните граѓани ќе имаат можност да ги проследат и да дискутираат за планираните програми и проекти за 2017 г. за Општина Струмица, како и да предлагаат проекти во програмите за 2017 година.

Граѓанските форуми во општина Струмицa ги имплементира Фондацијата за развој на локалната заедница Штип со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), во рамки на Концептот „Општина по мерка на граѓаните“, кој ФООМ го спроведува во партнерство со Општина Струмица.

Доколку Ви се потребни информации Ве молиме побарајте не’ на тел. 034/334-117 или на е-маил tankica.taukova@ccstrumica.mk.

Наслов за превземање

Last modified: 18.11.2016