Регионален дебатен турнир – Пастрамагедон 2017

12.01.2017

Дебатниот турнир „Пастрамагедон 2017“ се одржа на 11-ти и 12-ти јануари 2017 година, во организација на Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, поддржан преку програмата на Цивика Мобилитас.

На турнирот учествуваа околу 40 дебатери и судии по дебата од дебатните клубови од Штип, Скопје, Велес и Неготино. Турнирот се одвиваше во четири рунди од коишто три беа на претходно најавената и официјална теза на турнирот којашто гласи: „Социјалните мрежи не треба да бидат место за информирање и вести“, додека последната рунда беше на тезата „Протестите (не) водат кон промени“, којашто беше најавена 40 минути пред почетокот на рундата. Форматот на дебатирање беше „World schools debate”, а официјален јазик на турнирот беше македонскиот јазик.

Поддршка на турнирот даде и медицинското училиште СОУ „Јане Сандански“, коишто дозволија овој дебатен турнир да се случи токму таму.

По добиените резултати од четирите рунди се добија финалистите во турнирот. Победник во финалето беше тимот од Штип, составен од Никола Донев, Ана Атанасова и Александра Здравева.

Беа прогласени и најдобри говорници на турнирот. Најдобар говорник на турнирот е Никола Донев од Штип. Втор најдобар говорник е Ана Георгиева од Штип и трет најдобар говорник е Андријана Пејчиновска од Скопје.

Last modified: 28.04.2017