Поддршка за ГО Фондацијата за развој на локалната заедница Штип овозможува правна поддршка на граѓански организации кои се соочуваат со проблеми од правна природа кои го отежнуваат нивното работење и дејствување, како и за реализација на одредена активност со која ги остваруваат своите цели. Правната поддршка на граѓански организации се обезбедува за: – ревизија и подобрување на внатрешните акти на организацијата (Статут, правилници, деловници, политики и процедури); – постапката за упис на регистрација, промена и бришење на здруженијата и фондациите од Централниот регистар на РМ; – обврските на граѓанските организации како работодавци во областа на работните односи и безбедноста и здравје при работата; – даночните обврски и правните аспекти на сметководството на граѓанските организации; – правата од интелектуална сопственост (авторски и сродни права, трговски марки итн.); – заштита на лични податоци; – слободен пристап до информации од јавен карактер; – референдум и други облици на непосредно одлучување на граѓаните; – правни механизми за влијание врз законодавството и креирањето на политики; – правите ризици на граѓанските организации како организатори на настани и јавни манифестации; – договорните обврски на граѓанските организации како обезбедувачи и потрошовучи на добра и услуги;

НовостиПоддршка за ГО

Јавен повик за менторска поддршка на граѓански организации

Фондацијата за развој на локалната заедница и Македонското здружение на...

21.06.2019

Повеќе

НовостиПоддршка за ГО

Канцеларија за правна поддршка за граѓански организации

Канцеларијата за правна поддршка на граѓански организации обезбедува...

04.02.2019

Повеќе

НовостиФинансиска поддршка

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ГРАНТОВИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Македонското здружение на млади правници во рамки на проектот „Правна...

15.10.2018

Повеќе

НовостиФинансиска поддршка

Јавен повик за финансиска поддршка на граѓански организации

Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, Институтот за развој на...

18.06.2018

Повеќе