Буџетски форум во Општина Центар

18.11.2016

Буџетски форум во Општина Центар – граѓанска партиципација во ефикасно планирање

ФРЛЗ Штип и Центарот на заедницата на општина Центар во соработка со општина Центар Ве покануваат на првата сесија на буџетскиот форум кој ќе се одржи на 18.11.2016 (петок) со почеток во 18.00 часот во Хотел Холидеј Ин, сала Милениум.

centar_budzetski_forum

Буџетскиот форум има за цел директно вклучување на граѓаните во подготовката на буџетот на општина Центар за претстојната 2017 година. Партиципативното планирање на буџетот ќе допринесе ефикасно да се одговори на барањата, проблемите и потребите на граѓаните од општината. Овој процес на партиципативно планирање на буџетот заедно со граѓаните исто така придонесува кон зголемување на транспарентното работење на општината во корист на граѓаните.

Присутните граѓани ќе имаат можност повторно да дискутираат за нацрт- буџетот, планираните програми и проекти за 2017 година на општина Центар, да предлагаат дополнителни проекти и да ги приоретизираат истите.

Граѓанските форуми во општина Центар ги имплементира Фондацијата за развој на локалната заедница Штип со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество Македонија, во рамки на концептот „Општина по мерка на граѓаните“.

За дополнителни прашања и информации Ви стоиме на располагање на 02 32 03 680/ 070 390 558 или е-маил martin.popov@cccentar.mk 

Last modified: 06.04.2017