Акција за Европа

09.11.2010

проект на јавни/настани на отворено во тринаесет општини и градот Скопје: Кратово, Делчево, Струмица, Гевгелија, Штип, Неготино, Велес, Прилеп, Кичево, Дебар, Струга, Ресен, Битола, Скопје.

1. Резиме на проектот

Проектот има за цел да придонесе кон подигање на свеста кај јавноста за важноста за забрзување на  процесот на пристапување на Република Македонија во Европската унија. Проектот е планиран како серија од настани за промоција на Европската унија и придобивките од пристапувањето на Република Македонија во Европската унија, вклучувајќи и дебати за предизвиците на РМ на патот кон ЕУ.

Проектот предвидува јавни настани, дебати, обуки, интерактивни сесии со граѓани, проекции, пишување, подготовка и печатење брошури, и други информативни материјали за ЕУ.

Релевантност и значење на проектот:

Република Македонија се стекна со статус на држава-кандидат во 2005 година, и оттогаш досега поминаа повеќе од 3 години а државата се уште нема отпочнато преговори за пристапување во членство, односно Европската комисија се уште нема препорачано отворање преговори со Република Македонија.

Активностите на проектот имаат за цел да ги едуцираат граѓаните за придобивките од членството во ЕУ со што би се повлјијаело на подигнување на свеста кај граѓаните за важноста од забрзување на процесот на пристапување во ЕУ. Притоа се очекува дека ќе се  зголеми залагањето и притисокот од страна на граѓаните врз сите чинители во процесот на пристапување на РМ во ЕУ за исполнување на клучните препораки од Пристапното партнерство и обезбедување препорака за отпочнување пристапни преговори со Извештајот за напредокот на ЕК во 2009 година.

Проектот го реализира Фондацијата Институт отворено општество-Македонија во соработка со Македонскиот центар за европско образование, Младинскиот образовен форум, Младинскиот културен центар од Битола и дванаесетте ресурсни центри за поддршка на невладини организации  кои функционират во 12 општини  низ Македонија. (Фондација за развој на локалната заедница – Штип).

Целите и очекуваните резултати од проектот:

Целта на проектот е да обезбеди поголема информираност на граѓаните во овие општини за придобивките од членството во ЕУ, како и за предизвиците на патот на пристапувањето и притоа да потенцира дека:

пристапувањето во ЕУ е можно само преку исполнување на критериумите за  членство и спроведувањето на реформите;
пристапувањето во ЕУ ќе биде поедноставно и побрзо доколку во процесот стекнуваме пријатели и партнери во земјата и надвор кои ќе бидат наши сојузници и ќе не поддржуваат;
пристапувањето во ЕУ мора да се случи час поскоро.

Проектот ќе треба да одговори и на намалувањето на поддршката за пристапување меѓу граѓаните на Македонија на тој начин што ќе допринесе за зголемување на бројот информирани граѓани, кои ќе изградат информирани ставови и активно ќе се вклучат во јавната дебата за процесот на пристапувањето на Македонија во Унијата.

Проектни активности:

Проектот е планиран како серија од настани за промоција на Европската унија и придобивките од пристапувањето на Република Македонија во Европската унија, вклучувајќи и дебати за предизвиците на интеграцијата во ЕУ.

Во рамки на подготвителните активности на проектот ќе биде подготвена информативно-едукативна брошура во која ќе бидат опфатени основни теми поврзани со Европската унија, информативна брошура за Програмите на Заедницата, публикација со митови и вистини за Европската унија, како и брошура, постери и картички со изјави/сведоштва од граѓаните на Европската унија за тоа: „Што за нив значи ЕУ и кои се придобивките за нив како граѓани од членството на нивната држава во ЕУ.“

Проектот ги предвидува следните активности во рамките на првиот, вториот, односно третио ден:

 

ДЕН 1: ВОВЕД ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Првиот ден од Акцијата за Европа e насочен кон маладите на возраст од 16 -22 години во 14-те града од проектот и се состои од одржување предавања и информативни сесии со цел младите да се информираат за Европската унија, нејзиното функционирање и процесот на нашето пристапување. Паралелно со предавањата, дел од присутните, членови на дебатните клубови на МОФ ќе добијат упатства како најдобро да ја презентираат Европската унија и бенефитот за Република Македонија од пристапувањето во Унијата. Подготвените дебатери ќе учествуваат во дебатите кои ќе бидат организирани во следните два циклуси во сите градови и ќе дебатираат на тема „Иднината на Македонија во Европската унија“, односно ќе организираат џем сесии на кои ќе ги презентираат новите држави-членки и како со пријателите, државите лобисти, подобро се поминува патот на пристапувањето во Унијата. Во првиот ден ќе бидат опфатени, 18 или повеќе средни училишта.

ДЕН 2: ЕУ И ДРЖАВИТЕ-ЧЛЕНКИ

Овој ден би требало на сите граѓани во градот, и околните места да им ја приближи Европската унија, државите членки, како и европските институции и нивното функционирање. Во текот на овој ден ќе биде организирана ЕУ патека, за време на која присутните граѓани ќе можат да ги посетат инофрмативните штандови на државите-членки и да се запознаат со интересни факти за секоја од нив, да погледаат и земат интересни промотивни материјали за секоја од државите-членки, односно да слушнат и забележат интересни информации за државите-членки.

Во текот на денот ќе биде организирана и сесија „Сé што сте сакале да знаете за ЕУ, а не сте имале кого да прашате“ на која граѓаните ќе можат да поставуваат прашања на теми од нивен интерес, или од интерес на општината.

Во текот на овој ден, ќе бидат организирани и две дебати: „Македонија и Европската унија“ на која ќе бидат поканети како главни говорници шефот на мисијата на ЕУ/амбасадор на држава-членка, градоначалник и претставник на МЦЕО и втората „Иднината на Македонија во Европската унија“ која ќе ја водат претставници од дебатните клубови на МОФ.

ДЕН 3: СО ПРИЈАТЕЛИТЕ ПОЛЕСНО НА ПАТОТ ДО ЕУ

Вториот ден на одржување настани на отворено, односно третиот циклус на настани, би требало на сите граѓани во градот, и околните места да им го приближи фактот дека во Европската унија можеме да влеземе поедноставно ако покрај исполнувањето на критериумите пронајдеме помеѓу државите-членки лобисти кои ќе не поддржуваат на патот. Во текот на овој ден ќе биде завршена ЕУ патеката со квиз/наградна игра, а наместо инофрмативните штандови на државите-членки граѓаните ќе можат да следат настапи на драмските секции од како изведуваат секчеви за стереотипите кои постојат во Унијата.

Ќе биде организирана и сесијата „Сé што сте сакале да знаете за ЕУ, а не сте имале кого да прашате“

Во текот на овој ден, ќе бидат организирани презентации на тема „Новите држави-членки на патот до ЕУ“ и притоа во форма на џем сесија членовите на дебатните клубови на МОФ ќе зборуваат за пристапувањето во ЕУ на новите држави-членки. Во секој од градовите ќе биде промовирана по една држава-членка притоа укажувајќи на фактот дека имањето држава-лобист го олеснува процесот.

По завршувањето на третиот циклус ќе се организира и посебен завршен настан во Скопје на кој ќе се прави симулација на работата на работна група на Советот на ЕУ во кој ќе учествува и делегација на Република Македонија како држава-членка. Во симулацијата ќе се дебатира со подготвени инструкции а членовите на дебатните клубови ќе бидат членови на делегациите на државите-членки, Претседателството на Советот на ЕУ и Европската комисија. Интенцијата е да се покаже дека е потребен вистински административен капацитет за да се учествува во креирањето на заедничките политики на ЕУ.

 

Last modified: 06.04.2017