Евроамбасадорот ја посети ФРЛЗ – Штип

26.04.2017

Евроамбасадорот Н.Е. Самоел Жбогар ја посети Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, каде што имаше средба со вработените и дискутираа за работата на организацијата, реализираните проекти, можностите и предизвиците на ФРЛЗ и граѓанското општество воопшто. Евроамбасадорот изрази задоволство за работата и ангажманот на ФРЛЗ.

Воедно, се одржа и презентација на проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“ и информативна средба за презентација на повикот за предлози на ИПА Програмата за поддршка на граѓанското општество за 2016 – 2017 година.

Како дел од кампањата „ЕУ за ТЕБЕ“, воведниот збор на настанот го имаше Амбасадорот на ЕУ Н.Е. Самоел Жбогар, кој истакна дека ЕУ останува силен подржувач на граѓанското општество во Република Македонија.

Борис Шарковски од Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип изјави дека проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“ има за цел зголемување на влијанието на граѓанските организации, особено локалните, во процесите на донесување и креирање на одлуки во локалните средини, со единствена цел – да се обезбедат позитивни социјални промени за граѓаните.

Во рамки на проектот е предвидено вклучување на 16 општини од Р.Македонија во изработка на методологија за распределба на средства од општинскиот буџет до граѓански организации, јакнење на капацитетите на граѓанските организации преку обуки и менторства, како и нивна финансиска поддршка преку мали грантови.

Last modified: 27.04.2017