Презентација на проект и можности за финансирање од ЕУ

24.04.2017

На 26.04.2017 г. (среда), со почеток во 10.30 часот, во хотел „Оаза“ – Штип, ќе се одржи информативна средба за повикот на Европската Унија за поддршка на граѓанското општество и презентација на проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“.

На средбата ќе се обрати Амбасадорот на ЕУ, Н.Е. Самуел Жбогар.

Во рамки на средбата, ќе биде презентиран и проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“, финансиски поддржан од ЕУ, а спроведуван од Фондација за развој на локалната заедница – Штип.

Last modified: 24.04.2017