Студентско (ре)формирање

15.11.2019

Проектот „ Студентско (ре)формирање“ има за цел да ја зголеми транспарентност при изборот на студентски претставници и формирање на факултетските студентски собранија, зголемување на учеството на студенти при избирање на нивни претставници преку подобра информираност за  новиот модел на студентско претставување, права и одговорности на студентските претставници и можноста за учество во факултетските собранија.

Специфични цели на проектот се:

  • Да се поттикне активно учество на студентите во изборот на студентски тела на државните Универзитети УГД, УКЛО и УТ
  • Да се зголеми транспарентноста и оттчетноста на студентските претставнички тела
  • Да се поттикнат студентите и студентските и младинските организации на активно следење и застапување за транспарентни студентски избори
  • Да се подготви анализа на состојбата со воспоставување на новиот модел на студентско организирање во државните универзитети

Активности:

  1. Промотивен настан (kick-off)
  2. Работилница за подготовка на план за застапување
  3. Кампања за студентско организирање
  4. Работилница за подготовка на матрица за мониторинг
  5. Мониторинг на спроведувањето на студентското организирање на универзитетите
  6. Сеопфатна анализа за студентско организирање
  7. Промоција на анализата и резултатите од мониторинг

Aктивностите на проектот ќе бидат фокусирани на детална анализа на процесот на спроведувањето на студентското организирање на универзитетите УГД, УКЛО и УТ, како и на поголема транспарентност на студентските претставнички тела преку поголема информираност.

Целни групи на проектот се Универзитет „Гоце Делчев“- Штип, Универзитет „Св. Климент Охридски“- Битола и „Универзитет во Тетово“- Тетово, а крајни корисници се Студенти на универзитетите, млади, младински работници.

Временската рамка за спроведување на целиот проект е од 1ви октомври 2019 – 31ви март 2020 година, а вкупниот буџет изнесува 14.982,00 УСД.

Проектот „Студентско (ре)формирање“ е спроведуван со партнерство помеѓу „Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип“, „НМСМ“ од Скопје, „Сфера“ од Битола, „МКЦ“ од Битола, „Форум 16“ од Битола и „ЦЕД“ од Тетово, а финансиски е поддржан од „Фондација Отворено Општество Македонија“ (ФООМ).

 

Контакт лице: Зоран Иванов
E-mail: zivanov@frlz.org.mk
Телефон: +389 32 383 116

Last modified: 19.11.2019