„Споредба на дигитални курикулуми за образование во областа на здравствена и социјална заштита“

19.11.2019

Проектот „Споредба на на дигитални курикулуми за образование во областа на здравствена и социјална заштита “ има за цел да даде поддршка на едукативните институции, ГО и бизниси, да развијат нови бизнис и едукативни модели и да направат истражување од широк размер за иновативни педагошки пристапи при развој на програмите.

Програмата ќе придонесе за професионален развој на наставниците, преку отворени онлајн курсеви, следејќи ги заложбите на Grand Coalition for Digital Jobs (ECDLЕЦДЛ), како и со креирање на нови и со пороширување на веќе постоечки Европски платформи на Заедници на училишен персонал за пракса (пр. Twinning) за естаблирање на соработка на практики за учење на принцип на учење преку врсничка едукација на ниво на ЕУ.

Главната цел на проектот е да се зголемат човечките капацитети на провајдерите на курсеви за возрасни коишто ќе работат на интеграција на ИКТС во процесот на учење.

Специфични цели на проектот се:

  • Размена на најдобрите практики за е-учење и имплементација на OERs (Отворени ресурси за едукација) во едукацијата за возрасни;
  • Редизајн на постоечките курсеви за социјална и здравствена заштита;
  • Развој на дигитален модел апликативен за сите партнерски институции;
  • Креирање на нови курсеви за возрасни кои ќе бидат интегрирани со ИКТ преку е-учење и отворени дигитални ресурси;
  • Креирање на Отворени едукативни ресурси, нарачени Објекти за учење.

Активности:

  1. Анализа на претходни искуства за дигитално учење во земјите на партнерите;
  2. Споредба на различни дигитални програми во областа на социјална и здравствена заштита;
  3. Креирање на предлози за подобрување и редизајн на постоечките модели за дигитално учење, следејќи ги позитивните примери од земјите од ЕУ;
  4. Редизајнирање на веќе постоечки дигитални програми;
  5. Обуки за провајдерите на курсеви за возрасни, со стекнување на нови вештини, за ефективно користење на дигиталниот систем на учење и отворени системи за едукација;
  6. Креирање на отворени системи за едукација за да се користат за ваквите курсеви;
  7. Промоција и десиминација на резултатите од проектот.

Сите активности на проектот се фокусирани на детална анализа на постоечките програми за дигитално учење, како и усовршување и редизајнирање на постоечките програми и модели за дигитално учење.

Целни групи на проектот се Членки на корисничките групи, Меѓународни експерти, наставници, провајдери и компании на дигитално учење, а како крајни корисници се учениците.

Временската рамка за спроведување на целиот проект е од 01.10.2018 до 30.09.2019 година, а вкупниот буџет изнесува 55.450,00 ЕУР.

Проектот „Споредба на дигиталната програма за едукација во областа на здравствена и социјална заштита“ е спроведуван од Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, во партнерство со ПолиПроект од Штип, Soukromé vyšší odborné škole sociálnío.p.s. Jihlava од Чешка, LJUDSKA UNIVERZA, Zavod za Izobražovanje in Kulturo, Rogaska slatina од Словенија, а финансиски е поддржан од Европската Унија, во рамки на ЕРАЗМУС + програмите (КА2: Соработка за иновации и размена на добри практики, КА204 Стратешки партнерства за образование за возрасни).

Контакт лице: Невенка Лонгурова Гирова
E-mail: ngirova@frlz.org.mk
Телефон: +389 32 383 116

Last modified: 19.11.2019