ЕРАЗМУС + „Вовед во ЕКВЕТ во областа на едукација за здравствена и социјална грижа“

18.11.2019

 

Проектот „Вовед во ЕКВЕТ во областа на едукација за здравствена и социјална грижа“ (ECVET– European Credit System for vocational education and training/ Европски кредит-систем за стручно образование и обука ЕКВЕТ) има за цел да придонесе кон подобрување на видливоста на стекатите знаења и обуки како и да ја олесни мобилноста во секторите на здравство и социјална грижа. Приоритетите на проектот се промоција на професионалното прифаќање/признавање и мобилност во секторите на здравствена и социјална грижа преку поддршка за имплементација на инструментите и принципите на ЕКВЕТ.

Придобивките од ЕКВЕТ не се доволно познати од страна на многу провајдери на стручна едукација и обука, а исто така и неговата имплементација на ниво на Европа е на доста ниско ниво. Стекнување на стручна квалификација се разликува во многу земји во Европа, а со тоа се појавува потребата да се промовира ЕКВЕТ и да се работи на усогласување и примена на овој систем.

Главната цел на проектот е да се промовира транспарентност, како и признавање на стекнатото знаење и квалификации, вклучувајќи ги формалното и неформалното учење преку ЕКВЕТ.

Специфични цели на проектот се:

  • Запознавање со целите на ЕКВЕТ за едукацијата во областа на здравје и социјална грижа, како и мобилност на знаењата со доживотна поддршка, со цел да се обезбеди флексибилност во начините на учење за постигнување на некоја квалификација;
  • Запознавање со принципите на ЕКВЕТ: стекнато знаење, стекнати вредносни единици за знаење, ЕКВЕТ поени, кредити, заедничка доверба и партнерство;
  • Креирање на концепт за имплементација на ЕКВЕТ;
  • Промоција на ЕКВЕТ и нови инспиративни иницијативи преку информирање на јавноста за главните важни информации за развојот и напредокот, како и иновативниот потенцијал на овој нов инструмент.

Активности:

  1. Запознавање со целите на ЕКВЕТ: мобилност на учениците преку поддршка на доживотно учење со цел да се воспостави оддржлива флексибилност на учење за да се стекне некоја квалификација;
  2. Запознавање со принципите на ЕКВЕТ: стекнато знаење, стекнати вредносни единици за знаење, ЕКВЕТ поени, кредити, заедничка доверба и партнерство;

а) Креирање на заеднички опис на единици за стекнато знаење, вклучувајќи и ЕКВЕТ кредити за стручно образование и за професии во здравствена грижа;

б) Креирање на заеднички опис на learning-oriented learning outcomes and competences  во форма на единици според ЕКВЕТ и ЕРК (EQF);

в) Усвојување на методологија за усогласување на ЕКВЕТ кредитите во единици и квалификации за учење;

г) Дефинирање на заеднички стандарди за проценка врз основа на компетиции;

д) Дефинирање на заеднички стандарди за проценка на стекнатите знаења од формалната и неформалната едукација;

ѓ) Креирање на модел за персонализиран транскрипт од проценката на стекнато знаење кој е соодветен со ЕУРОПАСС инструментите за транспарентност;

е) Споредба на стекнатите знаења базирани на анализираните професии за национална применливост;

ж) Методологија за споредба на стекнатите знаења коишто овозможуваат мобилност и применливост;

з)  Развој, трансфер и имплементација на дополнителни квалификации за централни професионални компетиции базирани на модули од други професии.

  1. Воведување на концепт за имплементација на ЕКВЕТ.

Сите активности на проектот ќе бидат фокусирани на анализа на постоечката програма и локална содржина, обуки/работилници, како и подготовка и дистрибуција на водичи.

Целни групи на проектот се Членки на корисничките групи, Меѓународни експерти, тренери, провајдери и компании на стручна едукација и тренинг, а како крајни корисници се учениците.

Временската рамка за спроведување на целиот проект е 26 месеци, а вкупниот буџет изнесува 39.000,00 ЕУР.

Проектот „Вовед во ЕКВЕТ во областа на едукација за здравствена и социјална грижа“ се спроведува од Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, во партнерство со ПолиПроект од Штип, LJUDSKA UNIVERZA PTUJ од Словенија, Innova Sozialwerk e.V. од Германија, Алтенбург, и Здружение на бизнис жени од Скопје, а финансиски е поддржан од Европската Унија, во рамки на ЕРАЗМУС + програмите (КА2:Соработка за иновации и размена на добри практики, КА204 Стратешки партнерства за стручно образование и обука).

Контакт лице: Борис Шарковски
E-mail: bsarkovski@frlz.org.mk
Телефон: +389 32 383 116

Last modified: 19.11.2019