Граѓаните одлучуваат!

18.11.2019

 

Проектот „Граѓаните одлучуваат“ е основан на принципите на градење на еднакво, отворено, демократско и активно граѓанско општество.

Зајакнување на капацитетите на ЈП, како и зајакнување на граѓанските капацитети за застапување и лобирање ќе го зголеми учеството на граѓаните во креирање на локални политики и ќе придонесе до поотворен пристап на локалните власти кон граѓаните.

Покрај тоа креирање на нови механизми за зголемување на граѓанското учество во донесувањето на одлуки и креирање на локални политики, ќе придонесе до подемократски пристап на решавање на проблемите идентификувани од страна на граѓаните.

Главната цел на проектот е Да се поддржи партиципативен развој на заедницата преку модел со директно граѓанско учество со цел да се развијат доверливи локални институции и да се зголеми препознатливоста на граѓанското учество од страна на локалните институции.

Специфични цели на проектот се:

  • Креирање нови механизми за граѓанско учество во процесот на донесување на одлуки (Граѓански форуми);
  • Зголемени капацитети на граѓаните и на јавните претпријатија во 2 (две) општини нивни надлежности, механизми за консултации со граѓаните, како и лобирање и застапување;
  • Зголемување на транспарентноста, одговорноста и ефикасноста на локалните институции (ЈП);
  • Градење на капацитетите на граѓаните за мониторинг на локалните институции;
  • Потребите и барањата на граѓаните, вклучувајќи ги и тие од ранливите категории, се систематски вклучени од страна на ЈП во нивното планирање.

Активности:

  1. Сеопфатна анализа за учеството на граѓаните во донесувањето на јавни политики на локално ниво во Штип и Карбинци и деск-анализа на тековната состојба на ЈП;
  2. Информативна кампања за надлежностите, контакт информациите, и видови на услуги коишто се обезбедуваат од страна на ЈП и ЛС;
  3. Организирање на граѓански форуми за годишните програмски планирања на ЈП;
  4. Градење на капацитетите на граѓаните и на вработените во ЈП;
  5. Мониторинг на препораките дадени од форумот;
  6. Поддршка на препораките дадени од страна на граѓаните на форумите;
  7. Креирање на политики и вмрежување

Целни групи на проектот се околу 600 граѓани од Штип и Карбинци, Јавни претпријатија (вкупно 2 од Штип и 1 од Карбинци) и претставници од локални мали локални ГО, а како крајни корисници се сите граѓани од Штип и Карбинци.

Временската рамка за спроведување на целиот проект е 15 месеци, а вкупниот буџет изнесува 42.250,00 ЕУР.

Проектот „Граѓаните одлучуваат“ се спроведува од Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, а финансиски е поддржан од Меѓународен центар Олоф Палме.

Контакт лице: Невенка Лонгурова Гирова
E-mail: ngirova@frlz.org.mk
Телефон: +389 32 383 116

Last modified: 19.11.2019